СДСМ реагира: ВМРО-ДПМНЕ шири невистини, не знае што е инвестиција

ВМРО-ДПМНЕ не прави разлика што е штедење, а што инвестиција, капиталните инвестиции нема да запрат, реагира СДСМ на изјавата на Димче Арсовски и обвинувањата дека антикризните мерки на Владата се само на хартија.

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири невистини, во Белата палата немаат капацитет да направат разлика што е тоа штедење, а што инвестиција.

Владата предводена од СДСМ ги рационализира буџетските трошоци и парите ги насочува кај граѓаните. Со 400 милиони евра директна помош за стандардот на граѓаните и стопанството.

Изградба на објект за владина институција е капитална инвестиција, а капиталните инвестиции во државата нема да запрат ниту во време на криза.

Непродуктивно трошење се потрошените милиони евра народни пари од страна  ВМРО-ДПМНЕ за споменици, лажен барок, жални врби и фонтани како и сегашните милиони евра за партиски вработувања од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ“, пишува во соопштението од СДСМ.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе