СДСМ: Растот на извозот од 7,8 отсто, потврда за успешноста на економските мерки

Успешноста на економските мерки што ги спроведува Владата предводена од СДСМ е потврдена преку бројни показатели. Последните податоци од Државниот завод за статистика говорат дека извозот во месец март 2021 година пораснал за 7,8 отсто во однос на истиот месец 2020 година. Ова е силна потврда дека денес македонската економија е стабилна и динамична и се движи во вистински правец, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

"Покрај раст на извозот во првиот квартал од годината, раст бележи и просечната плата која во февруари 2021 година е за 2,7 отсто повисока во однос на февруари 2020 и изнесува 27.984 денари.

Во оваа 2021 година согласно економските показатели и очекувања, предвидено е македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст, да продолжи трендот на зголемување на платите и да се намалува невработеноста. Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со креирање и реализација на мерки и политики кои ја помагаат домашната економија и отвораат нови можности. Како одговорна партија остануваме посветени на градење силна, развојна и стабилна економија која носи шанса за сите“, соопшти СДСМ.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе