СДСМ: Растот на извозот и на платите се доказ за успешноста на економските мерки на Владата

Македонската економија денес е стабилна, развојна и се движи во добра насока, по успешното надминување на коронакризата, а тоа го покажуваат официјалните економски показатели. Последните податоци од Државниот завод за статистика говорат дека во првите пет месеци од оваа година, јануари – мај, забележуваме раст на извозот од 58,2 отсто споредено со истиот период 2020 година, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Паралелно, бележиме и раст на индустриското производство, раст на просечната плата и пад на стапката на невработеност.

Денес имаме историска стапка на невработеност од 16 отсто, а просечната плата за месец април 2021 година е за 10 отсто повисока во споредба со истиот месец лани.

Сите овие показатели говорат за успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ. Како одговорна, социјалдемократска партија остануваме целосно посветени на мерки и политики кои го унапредуваат животниот стандард на граѓаните и носат засилен економски развој. Продолжуваме да работиме одговорно, во интерес на граѓаните, во интерес на домашната економија“, соопшти СДСМ.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе