СДСМ: Просечната плата во јули повисока, економските политики даваат резултати

„Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати. Просечната месечна исплатена нето-плата во јули 2019 година, изнесува 25.104 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи раст од 4,3 отсто во однос на јули ланската година“, се вели во соопштението на СДСМ. 

Ваквото зголемување се должи, дополнваат од владеачката партија пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во повеќе сектори.

„Владата предводена од СДСМ продолжува со мерките кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, повисоки плати и подобар животен стандард. Приближувањето на Северна Македонија кон членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ, придонесува за одржување на позитивен тренд на раст на платите, со крајна цел просечната плата да достигне 30.000 денари до крајот на мандатот“, дополнуваат од СДСМ. 

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе