СДСМ: Пропаднатиот Мицкоски се плаши од граѓаните, па бега од избори

СДСМ тврди дека, како одговорна и државотворна партија, за нив  врвен приоритет биле и се заштитата на интересите на граѓаните и државата.

„Благодарение на брзата и навремена реакција вклучително и сите мерки кои се презедоа, нашето  јавно здравство одлично се справи со досегашниот тек на епидемијата.

Втора брза и навремена реакција претставуваат мерките и политиките кои овозможуваат брза трансформација на економијата и што е можно побрз процес на опоравување на економијата.

Сега потребни се избори заради здравјето на граѓаните, новата економија и демократски, целосно функционални институции со полн легитимитет. Избори кога вирусот е најмногу под контрола, со највисоки мерки на заштита и без ризик по здравјето е одговорно”, пишува во утринското партсико соопштение.

Според СДСМ, очигледен е стравот кај Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои бегаат од избори затоа што се плашат од соочување со граѓаните и сакаат незивесност, нефункционални институции, криза и закани по граѓаните.

 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе