Партиско соопштение

СДСМ: Програмата на Ковачевски нуди одговор за енергетската криза

Новиот состав на Владата и предлог Програмата за работа е пред пратениците, a во нивниот фоку се одговорите на глобалната енергетска криза, заштитата на здравјето, поголемиот економски раст и унапредување на животниот стандард на граѓаните, се вели во денешното соопштение за јавноста од владејачката партија.

Клучна цел на економската политика на Владата предводена од СДСМ е поголем и одржлив раст на економијата, пораст на БДП со удвојување на стапките на економски раст на среден рок и тоа од 2,5 %, на 5% просечен раст., пишува во соопштението и се додава дека тоа ќе се постигне преку зголемувањето на домашните и странските инвестиции, инвестиции во јавни и приватни проекти, како и зголемување на реализацијата на капиталните инвестиции.

„Одржувањето на животниот стандард и куповната моќ на населението мора да се задржи и зголеми. За таа цел, една од првите мерки на новата Влада ќе биде поддршка на пензионерите, преку посебно зголемување на пензиите. Растот на минималната плата ќе продолжи како и растот на просечната плата. Во првата половина на 2022 година ќе се заокружи економско-социјалниот дијалог за утврдување на новата методологија за пресметка и порастот на нивото на минималната плата. Согласно Планот за забрзан економски раст, стапката на вработување се предвидува да се зголеми на 51,1% во 2024, а стапката на невработеност во 2024 да достигне 11,4 % односно 8,6 % до крајот на 2026 година“, велат од партијата.

СДСМ порачува дека Владата ќе спроведе стратегија која на краток, среден и долг рок ќе обезбеди сигурност со снабдувањето на енергенси и одржливост на енергетскиот систем, каде главен фокус ќе се стави на обновливите извори на енергија и ефикаснoто искористување на расположливите природни ресурси, како што се сонцето, ветерот и водата претставуваат основа на македонската енергетска револуција.

„Владата во својата работа ќе се води од основните принципи на добро управување и тоа одговорност, ефикасност, отчетност и чесност и силно ќе се посвети на спроведување на Планот за борба против корупција“, соопшти СДСМ.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе