СДСМ: Професорот Славески потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е против зголемување на платите

Потврдено од Трајко Славески: политиката на ВМРО-ДПМНЕ е да не се зголемуват платите ниту минималната, ниту останатите плати. „Апелираме немојте да продолжите да ја покачувате минималната плата“. Ова вчера во емисија на ТВ Телма  неколкупати, ревносно го застапуваше Трајко Славески, се вели во соопштението на СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ освен што брани криминал е против зголемувањето на платите! СДСМ ги покачува платите во сите сектори и се бори за правна држава. Научени само да грабаат од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против тоа платите да растат. ВМРО-ДПМНЕ е против покачувањето на минималната плата! ВМРО-ДПМНЕ е против покачувањето на платите, против тоа повеќе пари да завршуават кај граѓаните“, соопшти СДСМ.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе