СДСМ: Продолжуваме со одговорни економски мерки за помош на работниците и на македонската економија

Владата предводена од СДСМ активно и посветено работи на реализација на навремени и ефикасни економски политики за поддршка на стопанството и работниците. Во тек е реализацијата на кредитна линија за бескаматни кредити со грант компонентата „Ковид 3“, која се спроведува со финансиската поддршка на Европската Унија. Вкупниот буџет за оваа кредитна линија за бескаматни кредити кои се реализираат преку Развојна банка изнесува 31 милион евра, соопшти СДСМ.

„Оваа мерка се реализира со одлично темпо, досега, одобрени се 2.583 кредитни барања во износ од 29,3 милиони евра, од кои 1.368 кредитни барања се од мали компании, 999 се од микро компании, 164 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 52 се од занаетчии.

Овие финансиски средства се директна помош во македонската економија во справувањето со последиците од пандемијата и зајакнување на малите и микро компании, занаетчиите и самостојните вршители на дејност.

СДСМ како одговорна партија насочена кон интересите на граѓаните и стопанството останува посветена на реализација на одговорни економски политики што го помагаат домашното производство и обезбедуваат услови за брз економски раст“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе