СДСМ: Пресудата за „Таргет-Тврдина“ покажа дека судството е ослободено

Правдата е тука, иста за сите, законите важат за сите подеднакво, времето на привилегирани пред законот, времето на партизирани пресуди и обвиненија по нарачка заврши. Правосудниот систем, како независна власт , ги има сите услови да води истраги и процеси без влијанија, без притисоци, да спроведува обвинителска и судска постапка во која најважни се доказите и законите, за секого подеднакво, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Пресудата против обвинетите во предметот „Таргет-Тврдина“ покажа дека судството е ослободено. Со неа, стигна правдата за над 20.000 граѓани, кои незаконски биле прислушувани од страна на Сашо Мијалков и ВМРО-ДПМНЕ, само затоа што мислеле и делувале поинаку од ВМРО-ДПМНЕ.

Истовремено оваа пресуда е пораз на извршителот на Мијалков и Груевски, Христијан Мицкоски, кој не успеа да го спаси криминалот на ВМРО ДПМНЕ. Мицкоски останува осамен на браникот на криминалот, поразен од правдата, поразен од граѓаните.

Да се создадат услови за чист пат за правдата не беше лесно, но сега правдата е тука, очекуваме и сите други случаи и предмети, коишто се покренати од Специјалното јавно обвинителство и од другите обвинителства, да добијат разрешница и одговорните да бидат соодветно казнети.

Во Република Северна Македонија се случува правда и сѐ почесто ќе бидеме сведоци на спроведена правда“, соопшти СДСМ.

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе