- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 96НОВИ / 24h
- 1 од 16
- следно ›
- Контакт
СДСМ: Преку дијалог со СОНК до најголемо покачување од 15 отсто на платите во образованието

„Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.
За споредба, само до пред 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без светска економска и енергетска криза.
Покачувањето согласно ова решение ќе се реализира од септември годинава, а сите просветни работници кои штрајкуваа ќе им бидат исплатени платите во целост.
Следува дефинирање на методологијата за континуиран раст на платите со што ќе го заштитиме стандардот на наставниците и ќе овозможиме континуиран раст на платите, без тоа да зависи од нечија политичка волја.
СДСМ секогаш била и ќе биде на страната на работниците.
Како одговорна партија, продолжуваме посветено да работиме на подобрување на животниот стандард на граѓаните дури и во услови на најголема економска криза“, соопшти СДСМ.
Соопштенија
Објавено на
18 Мај 2022 - 08:42