Партиска реакција

СДСМ: Преку дијалог се дојде до решение, но со уцените од СОНК учениците загубија од наставата

„Се потврди дека само преку дијалог може да се дојде до решение. Денеска е постигнато усогласување помеѓу Владата и СОНК за зголемување на платите во основното и средното образование, како и во градинките од 12 отсто, со ребалансот на буџетот. Поради несоодветни уцени и неразумна поставеност на раководството на СОНК, децата и учениците изгубија значајни две недели од наставата, која треба соодветно да се надомести бидејќи тие најмногу претрпеа штета од овој штрајк“, реагира СДСМ по договорот постигнат вечерва меѓу Владата и СОНК.

„СДСМ продолжува со политиката на покачување на платите и вреднувањето на работниците, но докажа дека на уцени и неразумни барања не подлегнува. Социјалниот дијалог е единствениот начин за постигнување на целите на синдикатите и доаѓање до взаемни прифатливи решенија. СДСМ секогаш била и ќе биде на страната на работниците работејќи посветено на подобрување на животниот стандард дури и во услови на најголема економска криза“, се вели во соопштението.

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе