СДСМ: Правната држава функционира

Правната држава функционира, никој не е над законите, истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите. Градењето на независен, професионален и неселективен правосуден систем ги покажува вистинските резултати. Правната држава функционира, законите важат за сите подеднакво, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Последните случувања, покажуваат дека никој не е над правдата и дека секој ќе одговара за своите постапки. Како и досега, СДСМ ги охрабрува и ги повикува сите надлежни институции да продолжат со длабинска, независна истрага за случајот „Рекет“, да постапуваат согласно законите.

Како одговорна партија, целосно ги поддржуваме напорите на истражните органи за целосно расветлување на овој, но и на сите досега отворени случаи. Очекуваме истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите, да ги покаже сите детали и никој да не биде поштеден, ниту амнестиран.

Одговорност мора да понесат сите инволвирани, без разлика на политичка или каква било друга припадност. Нема да успеат обидите да се попречи правдата или истрагата да се насочи во друга насока. Секој кој ги прекршил законите ќе одговара и од тоа нема отстапување“, соопшти СДСМ.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе