СДСМ: Пратениците Ласовска, Трајанов и Стаменкоска од ВМРО-ДПМНЕ се на чело на блокадите за раст на платите на наставниците

ВМРО-ДПМНЕ, повеќе од три месеци ги опструира законските измени со кои се обезбедува постојан раст на платите и подобар статус на наставниците и стручните соработници. Повеќе од јасно е дека тројцата пратеници, Ласовска, Трајанов и Стаменкоска, на деструктивната ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски ја опструираат работата на надлежната собраниска комисија. Како последица на ваквата деструктивност на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски наставниот кадар не може да добие повисоки плати, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ без чувство на одговорност се противи наставниците и стручните соработници да имаат правна и економска сигурност. Со оваа блокада ВМРО-ДПМНЕ е и против тоа 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување. Ваквото газење по достоинството на наставниците и непочитување е препознатлив печат на ВМРО-ДПМНЕ, тоа го правеше и во времето на режимот.

Наставниците не се виновни што Мицкоски нема идеја, план, програма, што нема никаков концепт за граѓаните. Напротив, наставниот и стручен кадар е клучна алка во воспитно-образовниот процес.

Апелираме до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да застанат на страната на наставниците и наместо да блокираат, да ги одберат реформите во образованието. Образовните реформи се во интерес на граѓаните, на наставниците, на образовниот процес, на учениците“, соопшти СДСМ.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе