СДСМ: Пратениците да го поддржат ребалансот на Буџетот за 2021

Ребалансот на Буџетот за 2021 година е насочен кон обезбедување повеќе пари за капитални инвестиции, за вложување во човечкиот капитал, што ќе резултира со економски раст и подобар животен стандард на граѓаните. Капиталните расходи се планирани на ниво од 30,5 милијарди денари, односно за 6,5 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2021 година, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Наш фокус е имплементација на капиталните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за унапредување на условите во здравствениот, образовниот сектор, земјоделството и заштитата на животната средина.
Со предложениот ребаланс на Буџетот се издвојуваат 2,7 милијарди евра за инвестиции во човечкиот капитал, односно во здравство и социјална заштита, образование, што споредено со периодот од пред три години е повеќе за над половина милијарда евра.
Ребалансот на Буџетот за 2021 година е во насока на владините приоритети, кои до истекот на годината ќе бидат насочени кон справување со последиците од пандемијата преку зголемување на обемот на инвестициите со директна поддршка на активностите на компаниите, отворање на нови работни места преку активните мерки за вработување, како и за поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија.
Овој важен документ е силен доказ за заложбите на СДСМ и коалицијата за градење стабилна, развојна економија која создава зголемен раст и носи шанса за сите.
Испраќаме апел до сите пратеници да покажат одговорност и да гласаат за усвојување на ребалансот на Буџетот за 2021 година“, соопшти СДСМ.
 

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе