Партиско соопштение

СДСМ: Пожарите се од големи размери, системот функционира, партиите да покажат одговорност

Изразуваме загриженост поради размерот на пожарите, но системот функционира, државата е тука за граѓаните, бргу се организира и веќе е воспоставена контрола на постоечките жаришта, а обезбедена е и меѓународна поддршка со чија помош ќе успееме полесно да се справиме со овој предизвик, се вели во соопштението на СДСМ. Партијата додава дека прогласената кризна состојба ќе им овозможи на институциите на посоодветен начин да ги планираат и спроведуваат активностите и ќе овозможи активирање на сите капцитети.

СДСМ нагласува дека станува збор за катастрофа од големи размери, во која за жал има и човечки жртви, дека е предизвикана голема материјална штета и сериозно нарушување на природните ресурси.

Во вакви сложени услови ја искажуваме нашата поддршка на сите надлежни институции на централно и локално ниво кои се справуваат со пожарите, велат во партијата и апелираат до сите политички партии во овие моменти да покажат сериозно ниво на одговорност, да се воздржат од сензационалистички настапи, неодговорно пласирање конструкции и да ги поддржат институциите и ангажираните луѓе кои се справуваат со пожарите.

„МВР веќе ја информираше јавноста за лица против кои се водат постапки за можно подметнување на пожар, ги поттикнуваме сите надлежни институции – пред се јавниот обвинител, да поведат истраги и да се утврди евентуалната одговорност. Оваа криза покажа дека имаме систем и дека како држава уживаме меѓународен углед, имаме пријатели и во регионот и во Европа. Благодариме за секоја подадена рака, на мака се познаваат пријателите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Граѓаните знаат дека институциите, припадниците на полицијата, на армијата, а пред се на противпожарната служба, прават натчовечки напори да се изборат со овој нов многу сериозен предизвик.

Благодарни сме на големиот број граѓани кои се одзваа на повикот за помош и поддршка во гаснењето на пожарите и апелираме до секој поединец за внимателен однос и строго почитување на забраната за движење во шумите. Да ја сочуваме државата, да ги сочуваме ресурсите за чие обновување ќе биде потребно долго време. Солидарно, сите заедно да помогнеме за полесно справување со пожарите и отстранување на последиците.

Уште еднаш се покажа дека луѓето се најсилниот капитал на секое општество. Како што лекарите изминатите 18 месеци се борат за нашите животи, така сега пожарникарите, полицајците, војниците, но и граѓаните доброволци, се борат за нашите животи, за нашите шуми, за нашиот имот и за нашите природни ресурси. Им благодариме!

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе