„Тоа значи дека над 322.000 пензионери ќе добијат покачување од 860 до 900 денари, почнувајќи веќе од јануарската пензија, што е најголемо покачување на пензиите во последните години. Со последното покачување, просечната пензија ќе изнесува 15.500 денари и ќе порасне за 1.746 денари во однос на 2016 година.
Растот на економијата и платите овозможи приходите во Фондот за пензиско осигурување да пораснат за 10 проценти и затоа следува реално зголемување на пензиите.
ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулираше со пензионерите, не го следеше законското усогласување и во пензиите интервенираше само ад хок пред избори. Денес, грижата за пензионерите е на прав пат“, се вели во соопштението на СДСМ.