СДСМ: Пораз и на новите деструктивни идеи за блокада на граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ

Откако им пропадна деструктинвата идеја за блокирање на Собранието, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се договара како да ги блокира граѓаните и државата. Упорни да направат штета по секоја цена со цел да остварат лична и партиска корист, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Граѓаните, медиумите и сите јавни личности едногласно го осудија бојкотот на Собранието и ова делување на опозицијата, но тоа не го предомислува Мицкоски да се откаже од овие погубни стратегии.
Граѓаните не смее да бидат жртви на себичноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. 
СДСМ повторно ќе ги порази новите деструктивни идеи на ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволи нови штети врз економијата и граѓаните. 
Ги повикуваме да се вразумат и да се откажат од ваквата политика на деструкции, насилство и блокади и конечно барем еднаш да застанат зад државните интереси. 
Мицкоски конечно мора да собере храброст да се откаже од подаништвото кон Груевски, кој се повеќе е очигледно дека целосно ја контролира партијата. 
ВМРО-ДПМНЕ за жал останува заробена партија во криминал и непроменета во однос на начините на делување и водење политики. Уште еднаш повторуваме дека избори ќе има во регуларен рок на кои овие политики на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе бидат силно поразени“, соопшти СДСМ.
 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе