Реакција

СДСМ: По хаосот што го остави во Охридскиот регион, ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува

Токму ВМРО-ДПМНЕ остави хаос и ги предизвика последиците врз Охридскиот регион, па нема никаков кредибилитет да зборува за Охридскиот регион после 11 години свесно уништување и загрозување на природното и културно наследство за бизнис и лични интереси на фамилијата, реагира СДСМ на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Неконтролираните градби на Плаошник и Галичица, мегаломанските градби на Охридското езеро, познатото ‘парапетче‘ на Груевски, криминалните проекти, Субрата Рој, се само дел од примерите за децениската негрижа на ВМРО-ДПМНЕ кон Охрид - заштитеното подрачје од УНЕСКО.

Денес, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ, во соработка со општините и граѓанскиот сектор, е насочена кон решавање на наследените проблеми и тековните потреби во регионот.

Предлогот на УНЕСКО Охрид да се стави на листата на загрозено светско наследство  е мотив плус за интензивирање на процесот на заштита на нашето културно и природно наследство“, пишува во реакцијата од СДСМ.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе