СДСМ: Платите растат и годинава, просечната јануарска плата е зголемена за 2 отсто

По рекордниот раст на просечната плата во декември 2018 година од 8,1 отсто, продолжува растот на платите. Платите растат и во 2019 година. Според официјалните податоци, просечната плата во јануари оваа година изнесува 24.517 денари, што е за 2 отсто повисока од просечната плата исплатена во јануари 2018 година, соопшти СДСМ.

„Трендот на раст на платите што започна со зголемувањето на минималната плата, дополнително ќе се интензивира во следниот период. Платите ќе растат во сите сектори, предвидени се покачувања на платите од 5 отсто во образованието, здравството, детските градинки, одбраната, полицијата, судството. Позитивните економски политики и зголемената помош кон претпријатијата, отвораат можност за раст на платите и во приватниот сектор.

По рекордниот број странски инвестиции, растот на индустриското производство и извозот, растот на просечната плата е последниот економски показател што ја докажува успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

Вратена е довербата во економијата, растат платите, се отвораат нови работни места, невработеноста опаѓа“, соопшти СДСМ. 

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе