СДСМ: Платите растат, а невработеноста опаѓа

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев остануваат целосно посветени на вложување во човечкиот капитал во сите сектори. Тече исплатата на 5 отсто бонус на платите за месеците март и април на вработените во јавните здравствени установи. За две недели следува и исплатата на бонусот од 5 отсто за месец мај, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Медицинските сестри и техничарите кои инвестирале во своето образование по 2015 година од септември ќе добијат покачени плати, со што се исправа неправдата кон медицинскиот кадар кој досега не можел да го валоризира своето образование преку својата плата.

Паралелно се вложува и во човечкиот капитал во безбедноста. Исплатена е бонус плата во поединечен нето износ од 27.182 денари на 4.471 вработен во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на минатата година.

Одговорните економски политики на СДСМ придонесуваат за постојан раст на платите, а истовремено невработеноста постојано опаѓа.

Просечната плата за месец април бележи раст од 10,1 отсто споредено со истиот месец лани, поточно изнесува 28.438 денари. Денес стапката на невработеност е на историски најниско ниво од 16 отсто. Во исто време, во последните месеци се забележува силен раст на индустриското производство и извозот, што покажува дека денес македонската економија е стабилна, динамична и конкурентна.

Сите овие економски показатели се силен доказ за успешноста и ефикасноста на мерките и политиките што ги презема Владата предводена од СДСМ. Нашата борба за граѓаните не застанува тука. Продолжуваме со имплементација на навремени, ефикасни мерки и политики што овозможуваат економски раст и повисок животен стандард“, соопшти СДСМ.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе