СДСМ: Платите продолжуваат да растат

Од септември за 5 отсто повисоки плати за вработените во образованието. Владата предводена од СДСМ продолжува со создавање и спроведување политики што обезбедуваат раст на платите и повеќе пари во семејните буџети. Платите во основното, средното и високото образование, како и кај јавните високообразовани установи растат за 5 отсто, почнувајќи од исплатата на платата за месец септември, соопшти СДСМ.

„Ова е уште една потврда за инвестициите во образованието и грижата кон наставно-научниот кадар.

Во меѓувреме, продолжува трендот на раст на платите што е уште една потврда за успешните економски политики.

Според офцијалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во јуни 2019 година изнесува 25.205 денари што за 4.1 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2018 година.

Тоа претставува пораст на просечната плата за над 1.000 денари за период од една година.

СДСМ, преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, останува посветена на реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, повеќе пари и повисоки плати за граѓните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе