СДСМ: Платите на наставниците ги зголемивме за 36%

СДСМ во изминатите пет години покажа вистинска грижа за вработените во образованието, како и за унапредување на условите за изведување на наставниот процес, соопшти партијата.

„Септемвриската плата за околу 32.500 вработени во основното и средното образование, од кои 25.000 наставници ќе е повисока за 15 проценти.

Со досегашните покачувања на платите од 21 процент, сега вработените во основното и средното образование ќе имаат плати поголеми за 36 отсто, во однос на 2017 година.

СДСМ за пет години ги зголеми платите во образованието за 36 проценти, додека во периодот од 2011 до 2016 година за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ платите во образованието пораснаа за само 4 отсто.

ВМРО-ДПМНЕ со години ги малтретираше и уценуваше наставниците и професорите, го потценуваше нивниот труд и им го газеше достоинството.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која се служеше со притисоци закани и уцени кон наставниците, СДСМ обезбедува повисоки плати и подобри услови за работа на наставниот кадар“, соопшти СДСМ.

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе