СДСМ: Откупот на грозје се решава во интерес на лозарите и винарниците

Низ инклузивен, транспарентен пристап, постигнат е договор за надминување на проблемот со откупот на грозје што покажува дека Владата продолжува со вистинска грижа и поддршка за земјоделците, соопшти утрово СДСМ. 

„Државата, со 4 денари од килограм ќе интервенира во откупот на ‘вранецот‘ и ‘смедеревката‘, а со 2 денари за високосортното грозје. 

Истовремено останува и можноста за супституција на транспортот со 20 отсто на транспортните трошоци за наливното вино, и 30 проценти супституција за флашираното вино“, пишува во партиското соопштение. 

Оттаму додаваат дека и во претходниот и во новиот мандат, Владата предводена од СДСМ преку партнерски однос ги решава сите предизвици на лозарите, но и на сите останати земјоделци. 

„Претходно, Владата предводена од СДСМ го реши долгогодишниот проблем со исплатата на предадено, а неисплатено грозје на винариите ‘Стефани‘ и ‘Повардарие‘ со што 1,2 милиони евра завршија кај над 2.600 лозари. Со тоа се реши проблем оставен од Владата на ВМРО-ДПМНЕ кој со години го игнорираше“, се додава во соопштението. 

 

 

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе