СДСМ: Откако Мицкоски излажа дека има уште 100 тестови, направени се над 4.000

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од лагите и деструктивното однесување и во време на сериозна здравствена криза и натаму пласираат лажни вести со кои  се обидуваат да шират страв и паника кај граѓаните, обвинува СДСМ во утринското соопштение.

„Пред 12 дена Мицкоски ја заплашуваше јавноста дека јавното здравство и лекарските тимови имаат само уште 100 теста за коронавирусот и дека за ден до два здравствените институции ќе снемаат тестови и пациентите ќе бидат оставени непроверени и нетестирани.
Во изминатите 12 дена, откако Мицкоски очајно се обиде да создаде паника кај граѓаните, јавното здравство спроведе приближно 4.000 тестирања за коронавирусот.
Оваа бројка на спроведени тестови во последните две седмици, или вкупно 10.000 тестови од почетокот на кризата, ја прави нашата држава лидер во регионот во бројката на тестирани пациенти. Ова се статистички бројки против кои не може да се спротивстават ниту најгрубите лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во партиското соопштение.
Од СДСМ повикуваат граѓаните да останат смирени, здравствените власти продолжуваат со континуирана набавка на тестови за корона и заштитна опрема за успешно справување со пандемијата од коронавирусот.
„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште на почетокот на кризата демонстрираа деструктивно, неодговорно и несолидарно однесување и така продолжуваат и денес“, додаваат оттаму.

 

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе