Реакција на СДСМ

СДСМ: Од поддршката за Јанчев во Кавадарци, кого го разрешија, се гледа очајот на ВМРО-ДПМНЕ

„И денешните имиња кои се објавија за кандидати за градоначалници се уште потврда дека понудата на ВМРО-ДПМНЕ е понуда од немај каде, составена главно од стари кадри, луѓе на Никола Груевски“, соопшти СДСМ како реакција на изјавата на Антонио Милошоски кој објави десет имиња за градоначалничката трка, меѓу кои е и Митко Јанчев за Кавадарци.

„Соочен со тоа што нема понуда, нема кадри и знае дека го чека нов изборен пораз, Мицкоски од немај каде става кандидати кои треба само да го поднесат поразот или игра 'игрици' со глумење независни кандидати. Фактот дека во Кавадарци е кандидиран Митко Јанчев, човек кој беше мета на целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и сменет од потпретседателската функција во партијата, покажува колку е очаен Мицкоски“, се вели во реакцијата.

Во соопштението се додава дека „тоа што денеска кандидатите на Мицкоски ги соопштува Антонијо Милошоски, човек осуден во Германија и човек против кого се водат случаи пред македонските судови, е потврда дека нема ништо ново, ниту променето во ВМРО-ДПМНЕ, заглавена во режимската партија“.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе