СДСМ: Нови пакет мерки, продолжува поддршката за работниците и компаниите

Владата предводена од СДСМ останува посветена на поддршка и помош на компаниите со цел спас на работните места и одржување на ликвидноста. Бескаматните кредити наменети за мали и микро компании, за трговци поединци и занаетчии се дел од механизмите за поддршка на стопанството, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Токму трите кредитни линии, Ковид 1, 2 и 3, од Развојна банка на Северна Македонија обезбедуваат средства во вкупен износ од 44,1 милиони евра, кои даваат поддршка на над четири илјади компании кои вработуваат 36.802 лица.
Каматната стапка на кредитите е 0 отсто и грејс период од 6 до 12 месеци, кој за Ковид 1 се пролонгира за дополнителни три месеци.
Истовремено, откако владејачкото мнозинство од СДСМ стави крај на деструкциите на опозицијата во Собранието и беа усвоени потребните законски измени, деновиве кај граѓаните пристига финансиската поддршка за исплата на плати за февруари и март, која опфаќа 60.000 работни места и истата е во вредност од 1 милијарда и 920 милиони денари. Финансиската поддршка ќе биде скалеста и ќе изнесува од 14.500 до 21.776 денари за месечна плата по вработен, во зависност од тоа колкав пад на приходи имала компанијата во текот на ноември и декември 2020 и јануари 2021, споредено со ноември и декември 2019 и јануари 2020.

Врвен приоритет на Владата и парламентарното мнозинство од СДСМ останува поддршката за работниците и домашната економија. Како одговорна партија продолжуваме со креирање и реализација на мерки и политики што обезбедуваат помош и поддршка за граѓаните и стопанството и обезбедуваат услови за ревитализирање на македонската економија и враќање на претходните стапки на економски раст“, соопшти СДСМ.

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе