СДСМ: Нови 1.000 стечајци ќе добиваат месечен надоместок од околу 8.000 денари, решен статусот на 12.000 лица

Политиките на СДСМ кои се насочени кон градење на праведно општество и еднакви можности за сите граѓани даваат реални резултати, исправена е долгогодишната неправда кон лицата кои останаа без приходи и го реши статусот на стечајните работници, соопшти утринава СДСМ.

„Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за стечајни работници, со што бројот на стечајци кои ќе земаат месечен надоместок од околу 8.000 денари до пензионирање се зголемува  за уште 1.000 лица. Со тоа вкупниот број на стечајни работници кои се материјално обезбедени изнесува 12.000 лица.

Стечајните работници кои се опфатени со најновите измени на Законот за стечајци, од петок ќе можат да поднесуваат барања во Центрите за вработување со цел остварување на правото на користење на месечен надомест“, се вели во партиското соопштение.

Оттаму додаваат дека за разлика од претходната власт која за 11 години владеење решила само 4.000 стечајни работници, СДСМ за 2,5 години материјално обезбеди 12.000 стечајци, што е уште една потврда дека за СДСМ сите граѓани се важни.

 

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе