СДСМ: Новата влада ќе испорача повеќе и уште подобри политики

Новата Влада предводена од СДСМ ќе продолжи по патот на напредокот, демократијата и  правдата со уште поуспешни политики и уште подобри резултати. Со поддршка на граѓаните и победата на изборите СДСМ продолжува да ја движи земјата напред, по вистинскиот пат кој го започна пред три години, се вели во соопштението на СДСМ.

„Продолжува грижата за здравјето на граѓаните и борбата со глобалната пандемија. Со нови мерки и политики продолжува концептот парите назад кај граѓаните, раст на платите, раст на пензиите и грижа за сите, како и за најранливите категории на граѓани. Новата македонска економија креира работни места и создава шанса за секој. Станавме членка на најмоќниот сојуз на светот НАТО алијансата, наскоро почнуваме со отворање на поглавјата за членство во ЕУ.

Новата Влада предводена од СДСМ не само што продолжува со успешните политики, следниот мандат се обврзува да испорача уште повеќе и уште подобри политики и мерки насочени исклучиво во интерес на државата и граѓаните“, соопшти СДСМ.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе