СДСМ: Нов инвестициски циклус од 5 милијaрди евра

Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерките и политиките што обезбедуваат економски раст и развој. Во таа насока, започнува инвестициски циклус од 5 милијарди евра кој има за цел да го забрза растот. Проектирани се милијарда евра за патишта, над една милијарда евра за железница и над една милијарда евра за енергетика, соопшти СДСМ.

„Ќе се инвестира и во клучни капитални инвестиции како  ХЦ Чебрен, далекуводот кон Албанија и гасоводот, нов Клинички центар, а следуваат и инвестиции во земјоделството и руралниот развој, пречистителни станици за отпадна вода, регионални, канализациски и водоводни системи, училишта и градинки и други проекти од важност за граѓаните.

Уште една потврда  за успешноста на реформите на СДСМ и Владата што ја предводи е и најновиот Извештај на Светската трговска организација  според кој државава постигнала огромен економски напредок, што воедно претставува и ветер во грб во реализација на зацртаните економски политики кои ги води оваа влада.

За само две години Владата предводена од СДСМ од држава со економија во минус од 1,8 отсто БДП, со успешните економски политики постигна раст од 4,1 отсто, во првиот квартал од 2019 година.

Денес, нашата држава има напредок од 25 места на Глобалниот иновациски индекс за 2019 година, односно сега нашата земја е на 59-то место, во однос на 84-то од минатата година.

Рекорден број компании, над 250, во 2018 година добија финансиска поддршка од државата, а Владата по неколку основи кон стопанството уплати 40,7 милиони евра.

Паралелно, растат и платите и пензиите.

Истовремено, бележиме пад на невработеноста на рекордни 17,8 отсто, а за само две години реализирани се 49.552 нови вработувања, доминатно во приватниот сектор.

Како одговорна партија, продолжуваме со реализација на зацртаните мерки и политики што носат раст и развој, зголемена конкурентност, нови работни места, повисоки плати и повеќе пари за граѓаните“, соопшти СДСМ.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе