СДСМ: Ние на терен со граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ во темните подруми на лажните вести и деструкции

Разликата помеѓу одговорниот, државнички однос на СДСМ и деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски секојдневно се потврдува. Додека СДСМ секојдневно е на терен меѓу граѓаните, на маалски и урбани средби, на граѓански трибини, ВМРО-ДПМНЕ е сама и изолирана, во темните подруми на лажните вести и деструкциите, велат од СДСМ во утринското соопштение. 

„СДСМ заедно со граѓаните ја гради новата програма, ја создава најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина. Го слушаме гласот на граѓаните, ги следиме нивните потреби и барања и истите ги претвораме во конкретни решенија од програмата за следните избори. 

Во исто време, ВМРО-ДПМНЕ е осамена во режимската матрица и сѐ што прави е обиди за блокади, пласирање лажни вести и деструкција на секое можно поле. 

СДСМ во континуитет покажува дека за нас зборот е збор, ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува дека се единствени на браникот на криминалот“, велат од партијата.

 

 

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе