Реакција на прес-конференцијата на пратеникот Лефков

СДСМ: Несериозни обвинувања - испитите ги положија и сопругите на Јанушев и Муцунски

Неосновани и несериозни се денешните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ, а една од потврдите дека Академијата за судии и обвинители ги спроведува испитите професионално и објективно е фактот што истите ги положија и луѓе блиски на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, како сопругите на Игор Јанушев  и Тимчо Муцунски, како и братучетка на Анотнијо Милошоски и станаа дел од судството токму преку софтверот за кој ВМРО-ДПМНЕ обвинува, реагира СДСМ на изјавите на пратеникот Милан Лефков кој побара на распит да бидат повикани сите кои го положиле испитот.

„Нема поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ партијата која го инсталираше „сваровски" судството денеска да зборува правосудниот систем и правниот поредок во државата. Додека во времето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ судиите и обвинителите се бираа од тефтерот на Гордана Јанкуловска, а двоецот Михајло и Филимена Маневски беа алфа и омега во судството, денеска правосудниот систем работи ослободен од партиски и политички влијанија. Неосновани и несериозни се денешните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во пишаната реакција на СДСМ.

Една од потврдите дека Академијата за судии и обвинители ги спроведува испитите професионално и објективно е фактот што истите ги положувале и луѓе блиски на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението.

„Владата го поседува софтверот, а не фирмата што ја посочува ВМРО-ДПМНЕ, фирмата само технички го спроведува испитот кој за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ сега се одржува во јавна установа, а не во приватна компанија. Повеќе од јасно е дека на ВМРО-ДПМНЕ му пречи тоа што денес правниот систем и инистуциите бескомпромисно, неселективно и ефикасно се борат против криминалот, но лажните вести и измислиците што ги пласираат во јавноста нема да им помогнат да ги спасат криминалците во сопствените редови. Колку и да не му се допаѓа на Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ, денес законите важат за сите подеднакво, правосудството работи независно, професионално и испорачува правда“, порачува СДСМ.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе