Реакција

СДСМ: Нервоза и страв во ВМРО-ДПМНЕ од новиот закон за ЈО

ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски се исплашени од законот за ЈО, нема спас за криминалците во нивните редови. Од нервозните реакции на ВМРО-ДПМНЕ овие денови, како и на пратениците на оваа криминална партија покажува дека извршителот Мицкоски е исплашен од законот за ЈО, од правдата и одговорноста којашто следи, се вели во реакцијата на СДСМ на денешната изјава на Димче Арсовски, портпарол на опозицијата.

„Извршителот Мицкоски не успева да ги испорача наредбите на неговиот шеф, избеганиот криминалец Никола Груевски, нема спас за криминалот, секој што се огрешил пред законите ќе одговара. СДСМ е на страната на правдата, на страната на граѓаните и европската перспектива на земјата.

Законот за јавно обвинителство претставува темел на реформите во правосудството и гарантира неселективна правда и одговорност за сите. И токму  овој  закон е гаранција  дека сите судски предмети кои произлегоа од СЈО ќе имаат правна завршница, а постапките за овие процеси ќе бидат професионални, фер и базирани на докази.

Скриена амнестија нема да има за никого и секој за кого постои обвинение ќе одговара пред институциите, согласно законите во нашата држава“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе