Партиска реакција

СДСМ: Неосновани се кривичните пријави од фрустрираните ВМРО-ДПМНЕ и Левица

Денешните неосновани кривични пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица се доказ дека овие партии не можат да се помират со фактот што Собранието конечно ги изгласа законите со кои помошта, по цели два месеци блокади и опструкции, деновиве конечно пристигнува кај работниците и е голема нивната фрустрацијата откако им пропаднаа обидите Собранието да го држат закочено и во заложништво на својата деструктивност, реагира СДСМ откако поради присуството на пратеници во скафандери двете партии поднесоа кривични пријави.

„ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници Левица не можат да се помират ниту со тоа што се донесени важни закони на 32. седница за кои тие не гласаат, а се однесуваат на националната стратегија за спречување корупција, за набавка на вакцини, за заштита на животната средина. Присуството и гласањето на пратениците кои беа позитивни на ковид-19, а беа без симптоми и со целосна заштитна опрема, беше според посебен протокол за спроведување за гласање на пратеници кои се наоѓаат во домашна самоизолација“, наведува СДСМ во соопштението

СДСМ порачува дека и ВМРО-ДПМНЕ и Левица можат да прават сè, „да продолжат со деструкциите“, но нема да ја закочат работата на Собранието, нема да спречат помошта да пристигне кај граѓаните и компаниите, нема да успеат да блокираат закони важни за развој на државата и економијата.

„Сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку деструкции и блокади да им наштетат на граѓаните, пропаднаа. Но, сепак, оваа партија предводена од Мицкоски упорно не ја учи лекцијата и затоа ја чека нов пораз од граѓаните“, се вели на крајот од реакцијата.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе