СДСМ: Неопходни се порадикални мерки

Здравјето на граѓаните и нивната заштита од корона вирусот е најважно, неопходни се порадикални мерки затоа Владата донесе одлука од денеска да се забрани движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден, се вели во соопштението на СДСМ.

„Нема компромис кога здравјето на граѓаните e во прашање, затоа мораме сите да ги почитуваме мерките на Владата, само така ќе ги спасиме народот и државата.

Тоа е неопходно за да се спречи натамошно ширење на вирусот. Од оваа забрана ќе бидат исклучени лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош / животно загрозувачка состојба/лица на дијализа, исклучиво во придружба на најмногу две лица“, се вели во соопштението

Тие појаснуваат забраната нема да важи и за припадниците на Министерство за внатрешни работи, Армија, противпожарните екипи, лицата вработени во комунална хигиена, кои се во моментот на работа во смена.

„Ќе се ограничи и бројот на дежурните аптеки, институциите и стопанството треба да го  прилагодат своето работно време и производството согласно забраната за движење во предвидениот период, се ограничува присуството на граѓани во трговски објекти, аптеки и јавни установи. Битката против коронавирусот е заедничка, сите ние треба да бидеме дел од оваа наша заедничка битка. Ако сакаме да си ја заштитиме нацијата сите мораме да се однесуваме вонредно и најодговорно. Само ако сите ги почитуваме мерките што ги воведуваме, значително ќе го намалиме ризикот и побрзо ќе го вратиме нашето безбедното секојдневие“, пишува во соопштението.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе