СДСМ: Нема бугаризација со македонски јазик во ЕУ

Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица има проблем со пласираните невиситини. Не може да има бугаризација со македонски јазик во ЕУ. Во ЕУ како Македонци со чист македонски јазик не е асимилација, тоа му јасно на секого, се вели во реакцијата на СДСМ на вчерашниот протест.

„Бугаризација има колку што имаше кантонизација и федерализација.

Невистините за бугаризација и асимилација се пласирани затоа што немаат вистинска аргументација противниците на членството во ЕУ.

Анти-европската коалиција функционира врз база на хистерично ширење невиситни.

Изминатите неколку денови се случија насилни протести, тензии, но и обид за крваво сценарио за предизвикување етнички конфликт, кое не успеа.

ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица, помогнати од Алијанса се обидоа среде Скопје да испровоцираат меѓуетнички конфликт од огромни размери.

Сето ова говори за сериозноста на одредени анти-европски структури кои сакаат да ја дестабилизираат државата, да го повторат 27 април или 2001 година.

Затоа потребно е одговорност за насилството и за режираните крвави сценарија да понесат сите инволвирани. Институциите, безбедносните структури, нема да дозволат кој било да ја загрозува стабилноста на државата“, соопшти СДСМ.

 



Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе