СДСМ: Некој ни го злоупотребил фејсбук-профилот на локалната организација во Арачиново

СДСМ вечерва се огради од објавата на фејсбук страницата на локалната организација во Арачиново. Станува збор за злоупотреба на страницата спротивна со вредностите и политиките на СДСМ за што ќе следи целосно расчистување на случајот и одговорност, соопшти партијата.

„Армијата е за професионалци и нема простор за ништо друго. Пријавувањето и селекциите за конкурсите за професионални војници се спроведуваат по највисоки стандарди од страна на надлежна институција која нема никаква врска со ниту една политичка партија.

По спроведените реформи во изминатите години, токму од страна на СДСМ, одлика на Армијата е професионалност и стручност по највисоки стандарди, за што сите ние сме особено горди.

Впрочем, затоа и Ковачки веќе не е дел од Армијата, дезертираше и одбра да му служи како чирак на шпицниот градоначалник Мицкоски“, соопшти СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ја објави содржината на пораката на СДСМ од Арачиново сите што се пријавиле на конкурсот за прием на професионални војници најпрвин да се јават во огранокот на СДСМ. Оваа порака во меѓувреме е отстранета од фејсбук-профилот на СДСМ од Арачиново.   

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе