Реакција

СДСМ: Не поминува омразата на Мицкоски

Граѓаните вечерва слушнаа уште една потврда од неспособниот Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ нема програма, нема ниту план, но мислеле на методологијата, како што вели тој. Сериозен човек, каков што не е Мицкоски, би се срамел ова да го каже пред граѓаните, се вели во реакцијата на СДСМ на вечерашната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не поминуваат омразата и поделбите кои ги шири антизападниот Мицкоски, граѓаните ги отфлија. Со унапредувањето на правата за употреба на јазиците не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите. Истовремено, не само што целосно е гарантирана соодветната употреба на македонскиот јазик како прв официјален јазик во Македонија, туку сега е и меѓународно признат и ќе се употребува во НАТО и ЕУ. Тоа е вистински патрoитизам, потврден и признаен македонски идентитет и македонски јазик од цел свет. Мицкоски не успеа да го блокира членството во ЕУ и НАТО и нема да го блокира напредокот и градењето на Македонија како еднакво општество на еднакви граѓани. Македонија оди напред во НАТО и ЕУ како едно општество за сите.

Мицкоски го чека пораз на следните претседателски избори, го чека пораз на какви било избори“, СДСМ.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе