СДСМ: Нашите политики обезбедија раст на платите во сите сектори

СДСМ останува посветена на обезбедување што повеќе пари во секое семејство. Во таа насока е и растот на платите кој продолжува и во новата 2020 година. Веќе од следниот месец, февруари, повисоки плати добиваат вработените во здравството. Тоа значи повисоки плати за специјалистите за 25%, општите лекари 15%, медицинските сестри 10%, здравствените соработници 5% и помошно техничкиот персонал за 5%, соопшти СДСМ.

„Севкупно, над 18.000 вработени во јавното здравство од следниот месец  добиваат  значително повисоки плати. Освен во здравството,  покачување на платите има и во образованието, односно кај наставниот кадар и тоа од овој месец. Вработените во основното, средното и високото образование добиваат повисока плата за 10 %. Тоа значи дека околу 32.000 граѓани вработени во образованието и науката  добиваат повисока плата.

Политиките на СДСМ во економијата, овозможуваат и повисоки плати во приватниот сектор, преку субвенциите на придонеси до 6.000 денари и младинскиот додаток до 3.000 денари во производството.

СДСМ ги продолжува политиките преку кои се инвестира во човечкиот капитал. Преку задоволни и мотивирани работници до доволно силен економски напредок.

Со СДСМ платите растат многу побрзо, а економијата е постабилна и поконкурентна. Граѓаните ги препознаваат овие заложби и затоа на 12 април ќе потврдат дека сме на вистинскиот, правиот пат“, соопшти СДСМ.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе