СДСМ: Нашите одговорни политики даваат резултати

Стратешките и одговорни политики  што ги спроведе СДСМ во изминатите 2,5 години дадоа конкретни резултати.  Република  Северна Македонија почнува преговори со Европската унија и стана 30. членка на НАТО. Историската грешка е исправена, почнуваме преговори, Европската комисија треба да ги спроведе подготовките, а првата меѓувладина конференција ќе се одржи најбрзо што може, се вели во денешбото соопштение на СДСМ.

„Во екот на борбата против коронавирусот, кога сите наши капацитети и мисли се насочени кон заштита на здравјето на граѓаните и кон санирање на економските последици, ова е охрабрувачка порака дека само со напорна работа, труд и државнички одлуки може да се соочиме со предизвиците.

Ја ослободивме државата. Презедовме чекори и донесовме храбри одлуки за да ги решиме проблемите со соседите. Ставивме крај на расипништвото и на стравот. Ја ставивме економијата на здрави нозе. Ја внесовме земјата во НАТО. И еве сега почнуваме преговори со ЕУ.

Ваквите храбри и одлучни чекори ги преземаме и денес во борбата со опасниот вирус.

Европската Унија е наш партнер, стигнува и сериозна помош за нашата земја во заедничката борба против коронавирусот.  Европската Унија одвојува 66 милиони евра за Северна Македонија.

50 милиони евра од ЕУ за економско-социјалното закрепнување, 9 милиони евра за поддршка на приватниот сектор, 3 милиони евра директна буџетска поддршка, 4 милиони евра за итните наши потреби.

Без Договорот од Преспа и без Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, без реформите и уставните измени, без Законот за јавно обвинителство немаше да биде возможен овој денешен успех. Тоа се храбрите политички одлуки кои ги отворија вратите од чекалната во која седевме 15 години. Иднината на Северна Македонија е обезбедена и загаранирантирана, членка на НАТО и ЕУ!

Пред нас е предизвикот да се избориме со здравствената и економска криза предизвикани од коронавирусот, а потоа целосно да се посветиме на процесот на преговори“, соопшти СДСМ.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе