СДСМ најавува: Заев ќе биде мандатар, новата влада ќе ја води државата напред

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе биде мандаторот за состав на новата влада која ќе ја води државата напред во следните четири години. Во тек се сериозни разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат, соопштија утринава од партијата.

„Успешните политики на СДСМ и Владата која ја предводи се потврдија и на последните парламентарни избори. Граѓаните го одбраа концептот кој ја води државата напред, концептот кој ги враќа парите назад кај граѓаните и со своето избирачко право потврдија дека сакаат да продолжат по тој пат. Кон градење на нова развојна економија, која креира нови работни места и создава шанса за секој.

Покажавме дека и во време на најголемата светска криза се грижиме за сите граѓани. Преку антикризни мерки со цел зачувување на работните места и одржување на бизнисите во живот, наместо ставање клуч на врата. Ние сме социјална држава и солидарно општество и затоа во мерките може да се пронајде секој, зашто секој треба и секој ќе добие поддршка”, велат од партијата.

 

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе