СДСМ најавува: Економскиот стандард ќе биде императив на новата влада

СДСМ денеска повторно соопштуваа дека започна сериозни, темелни преговори со претседатели и високи претставници на политички партии кои се дел од новиот собраниски состав, за формирање на демократска, политичка, одговорна влада, која на прво место од својата агенда ќе ја има новата македонска економија.

„Продолжување на растот на платите и обезбедувањето постојана поддршка на домашниот приватен сектор се меѓу главните принципи на новата македонска економија. Тука се вложувањата во младите и во рамномерниот регионален развој и продолжуваме да водиме посебна грижа за најсиромашните граѓани.
Јакнењето на економскиот стандард на сите граѓани ќе биде императив на новата влада“, се вели во соопштението од партијата.
Оттаму се пофалија дека за две и пол години покажале дека платите и економскиот стандард со СДСМ растат многу побрзо, а во следните 4 години, како што велат, ќе покажат дека тие ќе растат уште повеќе, за да биде уште подобро.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе