Партиско соопштение

СДСМ: На 32. седница на Собранието без ВМРО-ДПМНЕ донесовме важни закони

На 32. седница на Собранието парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните и државата - Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси 2021-2025 година, што е важен документ во борбата против високата корупција. Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните. Дел од 32.седница се и измените на Законот за јавни набавки со што се олеснува набавката на вакцини против коронавирусот, реагира СДСМ и нагласува дека ВМРО-ДПМНЕ бојкотираше.

„Додека пратениците од парламентарното мнозинство беа на своите работни места и ги носеа законите, пратениците на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беа надвор од салата трошејќи ги платите и парите за патни трошоци што граѓаните преку Буџетот им ги обезбедуваат. Тоа е потврда за неодговорно, ненародно и деструктивно однесување на опозицијата. Несериозно е постапувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, одбирајќи на која седница ќе присуствуваат а на која не, пратениците не се платени само за 36 седница, тие треба да се присутни на сите седници, затоа примаат плата од граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Партијата им порачува на ВМРО-ДПМНЕ поради таквото нивно однесување шест пати на избори беа поразени од граѓаните и дека им претстои пораз и на локалните избори наесен. 

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе