Партиска реакција

СДСМ: Мрачниот брифер Мицкоски, а отвори уста лаже - суши

Мрачниот брифер Христијан Мицкоски се сведе на рекла-кажала а отвори уста лаже – суши, мрачниот брифер Христијан Мицкоски веќе ни сам не си верува на лагите и дезинформациите, реагира СДСМ по денешниот брифинг на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој на новинарите им презентираше документи за, како што рече, рекет во РЕК Битола.

„Лаги од типот 'барал средба за да не се сретне' или, 'му се сонило дека заработил 250 илјади евра'. Мицкоски се сведе на тоа штом отвори уста да лаже-сушти. Не му е прв пат на опседнатиот Мицкоски да изнесува лаги, невистини, конструкции за семејството на претседателот Заев. Но, тоа зборува за состојбата во којашто Мицкоски се наоѓа“, пишува во реакцијата на СДСМ.

Впрочем, наведува партијата, во студија објавена од Европскиот парламент Христијан Мицкоски е наведен како извор на дезинформации.

„Може Мицкоски уште 100 пати да се обидува со измислени афери да ги лепи своите манири и манирите на Груевски на актуелната власт, ама лагата не му фаќа корен. Истуркан на маргините од страна на граѓаните, Мицкоски кукавички се крие од јавноста, наместо јавно на прес конференција, свикува тајни, мрачни брифинзи. Нема лице ни пред камери да излезе, веќе за народот да не му ја види пропаднатата лага. Но, народот ќе му ја чуе пропаднатата лага“, нагласуваат од СДСМ.

Владејачката партија истакнува дека „бомбастичните“ наслови врз основа на лагите на Мицкоски се креирани само за фама, а внатре е празно, слама.

„Класична вмровска фејк-слама за манипулација. Аман доста го навредувате народот. Народот не е добиток - на народот му се гади од вашата празна слама“, се вели на крајот од соопштението на СДСМ.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе