СДСМ: Минималната плата расте на 14.500 денари, 90.000 граѓани ќе добијат повисока плата за декември

Како одговорна партија пред граѓаните, продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат повисоки плати и повеќе пари во семејствата. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените на Законот за минимална плата. Минималната плата расте на историски највисоки 14.500 денари, се пофали утрово СДСМ преку соопштение.

„Веќе со декемвриската плата околу 90.000 граѓани ќе добијат покачување на месечните примања. Тоа е зголемуваме за 5.500 денари или над 60 отсто на минималната плата за само две и пол години.

Со новото зголемување на годишно ниво дополнителни 66.000 денари ќе завршуваат кај граѓаните кои земаат минималната плата. Ова е уште една мерка која има за цел да обезбеди повисоки плати, но и да го намали економскиот јаз.

Дополнително, парламентарното мнозинство гo усови и предлог Законот за субвенционирање на придонесите од задожителното социјално осигурување.

Придонесите за задожителното социјално осигурување ќе бидат субвенционирани за сите претпријатија кои ќе им ја покачат платата на своите вработени до 6.000 денари”, се наведува во соопштението.

 

 

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе