СДСМ: Милијарда евра помош за економијата преку трите сета мерки

Владата предводена од СДСМ, преку трите сета мерки со вкупна вредност од милијарда евра или 10% од БДП, ги ублажува последиците на кризата, предизвикана со пандемијата на коронавирусот, соопштија од партијата.

„Мерките имаат за цел да им помогнат на што повеќе граѓани, да сочуваат што повеќе работни места, да ги поддржат компаниите, но и да постават темели за трансформација на економијата.

Вкупната вредност на мерките од третиот сет мерките ќе изнесува околу 355 милиони евра и со него ќе бидат опфатени 730,000 корисници. За мерката ’14.500 денари по вработен’, се поднесени 23.861 барања, а до 14 мај се исплатени преку 14,3 милиони евра на 10.103  фирми.

Во целост е реализирана и првата бескаматна кредитна линија ‘Ковид1’, во чии рамки се одобрени 738 кредитни барања за компании со вкупно 6.524 вработени. Најголем дел, 77% од бескаматните кредити се за микро компании, 51% се од угостителтвото, а 43% од областа на транспортот.

Голем е интересот и за бескаматната кредитна линија ‘Ковид2’, за која аплицирањето заврши на 13-ти мај, до кога во Развојната банка пристигнаа 4.340 апликации”, се наведува во соопштението од СДСМ.

Оттаму додаваат дека Економскиот совет на партијата го финализира и третиот сет на мерки за директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка.

„Се работи за долгорочен сет на мерки во кои се опфатени сите индустрии и граѓани погодени од кризата со коронавирусот а кои ќе овозможат модернизација, трансформација и конкурентност на македонската економија”, се вели во соопштението.

 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе