На црната листа на САД заедно со Груевски е и братучедот Сашо Мијалков. Дали тишината, молкот на Мицкоски можеби значи дека тој стравува дека по Груевски тој е следен на црната листа на САД, како еден од соработниците на Никола Груевски, негова десна рака, негов советник, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ?
Овие сомневања дополнително ги поткрепува фактот што голем број на блиски соработници на Груевски во 11-годишниот режим, сега се блиски соработници на Мицкоски.
До денеска Мицкоски се нема оградено за целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ. Не слушнавме осуда за сторените дела, ниту згрозување, ниту извинување кон граѓаните. Христијан Мицкоски наместо повик за одговорност, останува на браникот на криминалот.
Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата режимска и криминална партија“, соопшти СДСМ.