„Арсовска победата со трубачи ја славеше во Белиот дворец, рамо до рамо со Мицкоски и целиот врв на ВМРО-ДПМНЕ. Кај ВМРО-ДПМНЕ е сета одговорност за прекин на блокадите.
ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Градското собрание, ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во сите управни одбори на јавните градски претпријатија, вклучително и во Јавното сообраќајно претрпијатие.
И наместо да преземат мерки за прекин на блокадите, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дрско ги малтретираат скопјани.
Втор ден, Градот е целосно парализиран, илјадници граѓани не можат навремено да стигнат до своите работни места, до здравствените установи, до училиштата и факултетите, а потешкотии во движењето имаат и возилата на Итната медицинска помош и противпожарната бригада.
ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Арсовска се главните виновници што Скопје е блокиран град“, соопшти СДСМ.