СДСМ: Мицкоски со истата режимска матрица, призна дека вршел притисок во МВР

 Христијан Мицкоски праќал пораки и се јавувал по телефон кај вработени во Министерството за внатрешни работи за да врши притисок за истрагата за неговата посета на фитнес центар во време кога нивното работење е забрането. Тоа, Мицкоски не само што го призна туку и јавно се пофали дека го сторил тоа и ќе го сторел и повторно ако требало, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Според истото признание на Мицкоски, притисокот е извршен со помош на министерот за внатрешни работи, што отвора други основи за одговорност. Тоа е класично дејствување по режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ од кој Мицкоски не е мрднат ниту милиметар.

По кој закон, со какви овластувања пропаднатиот спортист и политичар Мицкоски се јавувал кај службени лица за да интервенира за истрага во која токму тој е предмет?

Секому му е јасно дека кој било граѓанин, па дури и претпоставено лице, а најмалку претседател на политичка партија, забрането е да му се јавува на службено лице кое врши истрага и да се интересира за неговиот случај.

Техничкиот министер Наќе Отсјај наместо да му го посочи тоа на Мицкоски, постапил сосема спротивно па дури му обезбедил и телефонски број од службеното лица со што му помогнал на Мицкоски во вршењето притисоци. Ова е сериозно кривично дело и затоа јавноста очекува Обвинителството по допрен глас да отвори истрага за ваквото незрело, несериозно, но пред се незаконско дејствување на Мицкоски и Чулев.

Истовремено, јавноста очекува епилог и од истрагата за посетата на Мицкоски на теретаната и истата да ги даде одговорите на сите досега поставени прашања“, соопшти СДСМ.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе