СДСМ: Мицкоски се загуби поради „црната листа“ на САД па е деструктивен

„Христијан Мицкоски целосно се изгуби по објавата на црната листа на САД на којашто се најде неговиот шеф и ментор Никола Груевски. Во време на најголема економска криза прави деструкции, блокади и по секоја цена врши партиско мотивирање на протести", се наведува во соопштението на СДСМ.

Од партијата велат дека граѓаните не ги интересира себичната политичка желба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, а дека СДСМ останува посветено да работи во интерес на граѓаните и државата.

„Пред нас е одговорна работа, справување со последиците од најголемата криза по Втората светска војна којашто Владата предводена од премиерот Ковачевски успешно ја спроведува. Но, сето ова Мицкоски не го интересира, бидејќи наместо за интересите и потребите на граѓаните, единствено се грижи за неговата политичка кариера. Владата и парламентарното мнозинство предводено од СДСМ се стабилни и нема да дозволат изгубениот Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ да направат штета на граѓаните, нема да дозволат да влеат несигурност или нови кризи“, се вели во соопштението на СДСМ.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе