СДСМ: Мицкоски сам го одбра неговиот кандидат за претседател

Денешната Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ е најобична фарса. Антизападниот Христијан Мицкоски сам го одбира неговиот кандидат или кандидатка. Денеска е само официјализацијата, се вели во соопштението на СДСМ во врска со денешната конвенција за избор на претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа го потврдуваат и информациите објавени во дел од медиумите блиски до опозицијата, според кои, на конвенцијата е преполовен бројот на делегати кои се ибрани лично од Мицкоски.

Останува јавноста да види дали некој од кандидатите јавно ќе се огради од деструктивните, анти НАТО и анти ЕУ активности и политики на Никола Груевски и Ѓорѓе Иванов.

Во најмала рака, граѓаните очекуваат оградување од ставовите и осуда на говорот на омраза и поделбата на граѓаните“, пишува во реакцијата на СДСМ.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе